АЛБАНИЈА ГО ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ НА 500 ЕВРА: Рама даде уште едно ветување
Во Албанија од 1 јануари минималната плата ќе изнесува 500 евра, а до крајот на мандатот 700 евра. Информацијата ја објави премиерот Еди Рама.
Минималната плата ќе се зголеми за 307.850 вработени. Ова зголемување, според премиерот, ќе биде првото, но не и единственото зголемување во овој мандат, кога минималната плата ќе достигне 700 евра.
Рама објасни дека владата ќе ги субвенционира и дополнителните трошоци за осигурување за вработените во приватниот сектор со 90 милиони евра за период од 9 месеци.
„Вака кажано, ова сум јас и ова сме ние. Јас велам и ние го кажуваме она што го правиме и го правиме она што го кажуваме. И тие 83 мандати што ни ги дадовте да управуваме со Албанија во четвртиот мандат и да ја седнеме на масата на Европската Унија, како еднакви меѓу еднаквите, се 83 причини повеќе од до вчера, да не спиеме, да работиме без одмор. Извонредна доверба што ни ја дадовте е извонредна привилегија“, рече Рама.
Албанија како и Македонија е една од земјите со најниски плати.
foto Facebook/Edi Rama
