Албанија го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, а гардата за терористичка организација
Aлбанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот.
Албанскиот парламент усвои резолуција со која Иранската револуционерна гарда се прогласува за терористичка организација, а Иран за државен спонзор на тероризмот. За резолуцијата гласаа сите 79 пратеници од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама.
Таулант Бала, шефот на парламентарната група на Социјалистите, рече дека резолуцијата има за цел да ги осуди иранската државна поддршка за тероризмот и употребата на посреднички групи за дестабилизација и хибридните тактики, вклучувајќи ги и сајбернападите врз институциите.
Албанија го обвини Иран за сајбернападот од јули 2022, кој ги наруши владините системи за информатичка технологија и ги прекина онлајн јавните услуги на неколку дена. Официјални лица изјавија дека нападот веројатно бил одмазда за тоа што Албанија им даде прибежиште на ирански опозиционери. Владата на Албанија потоа ги прекина дипломатските односи со Иран.
foto freepik.com
