Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанија ги заострува мерките, за викендот земјата ќе биде целосно затворена

Албанија ги заострува мерките, за  викендот земјата ќе биде целосно затворена

За викенд соседна Албанија ќе оди во карантин. Поради ширењето на коронавирусот западниот сосед ги заострува мерките. 

Албанскиот здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки. Во земјата расте бројот на хоспитализирани пациенти заболени од коронавирусот. Се најавува продолжување на полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и забрана за работа на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат достава, пренесува порталот Албанија дејли њуз. За време на викендот земјата ќе биде целосно затворена, односно дека ќе биде забрането било какво движење. Во Албанија последните денови има повеќе од 1.000 новозаразени на ден. Од почетокот на годината имаше над 700 заразени деца. 


foto Albania daily news

Слично

Поврзани вести