Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛБАНИЈА ГИ ОЛАБАВУВА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ: Од 1.јуни нема да се носат маски на отворено

АЛБАНИЈА ГИ ОЛАБАВУВА РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ: Од 1.јуни нема да се носат маски на отворено

Техничкиот комитет на експерти во Албанија одлучи да ги ублажи рестриктивните мерки заради пандемијата на корона вирусот, пишува денеска ТВ 21. Во изјава за медиумите, еден ден откако не беа пријавени починати поради компликации од Ковид-19 и бројот на нови случаи значително се намали, Комитетот наведува дека одлучил маските на отворено од 1 јуни да не се носат.

Полицискиот час ќе биде од 23:00 до 06:00 часот. Клубовите сè уште ќе бидат затворени, додека музиката ќе биде дозволена само до 22 часот. Експертите најавија дека со овие мерки може да се соберат од 10 до 50 лица. Од 1 јули полицискиот час ќе биде продолжен до 24 часот. Спортските шампионати ќе бидат дозволени со присуство на навивачи со намалени капацитети до 30% според протоколот на ИЈЗ. 


Слично

Поврзани вести