Албанија денес нема ниту еден починат од коронавирусот по цели 244 дена
По 244 дена, во Албанија прв ден без ниту еден изгубен живот од коронавирусот.
Министерката за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, изјави дека во последното деноноќие од 2.691 тестирање, вирусот е потврден само кај 15 луѓе или 0,5 отсто од тестираните.
Министерката Манастрлиу, претходно информираше дека во текот на последните 24 часа, има повеќе од 11.000 вакцинации, додека од почетокот на процесот, во средината на јануари, вкупно 736.365.
Од почетокот на пандемијата, кога на 9 мај лани, беа регистрирани првите случаи со Ковид-19, татко и син по нивното враќање од посета на Италија, вкупната бројка на заразени изнесува 132.244, активни на болеста се 819, додека почнале 2.447 луѓе.
Комитетот на експерти се очекува утре да донесе одлука за олеснување на анти-ковид мерките.
