Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанец силувал туристка од Италија на плажа во Драч

Албанец силувал туристка од Италија на плажа во Драч

26-годишник е уапсен од полицијата во Драч откако сексуално нападнал италијанска туристка, објави Топ Чанел.

Структурите за кривични истраги при Управата за локална полиција во Драч, по добиена пријава дека граѓанин имал сексуален однос со 18-годишна Италијанка и кај неа предизвикал телесни повреди, организираа акција за идентификување и фаќање на сторителот.

Леонардо Преза претходно бил осуден за нелегално поседување оружје и кражба.

Неговото апсење е извршено откако, околу 05:25 часот наутро на 05.09.2025 година, на лежалките пред хотел во населбата 13, овој граѓанин имал сексуален однос со 18-годишна италијанска државјанка.

Истражните материјали ќе бидат предадени на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Драч, за кривично дело „Сексуален или хомосексуален однос со малолетници на возраст од 14 до 18 години“.


Слично

Поврзани вести