Албанците во Тирана почнаа да го „метат“ ѓубрето на Рама
Повеќе од 20.000 луѓе излегоа на протести пред Владата во Тирана. Масовните протести се организираат против политиките на премиерот, Еди Рама. Освен што носат транспаренти и карикатури со владините функционери во затвореничка облека, дел од демонстрантите во раце носат и метли, со кои симболично сакаат да го „изметат ѓубрето“, како што велат, од нивната Влада.
Протестите ги предводат демократите, кои велат дека Албанија се претворила во земја на дрогата, на украдените избори и илегалниот парламент. Лидерот на Демократската партија Лулзим Баша, вели дека Албанија ќе оди напред само ако биде соборен премиерот Рама, за кого тврдат дека е поврзан директно со криминалните структури во земјата.
Слично
