Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа ќе излезат на протест, на повидок е нов проблем

Албанците од Прешево, Бујановац и Медвеѓа ќе излезат на протест, на повидок е нов проблем

Се појави нов проблем за Србија. Албанците кои живеат на југот имаат барања до властите во Белград. 

Албанското население од Прешево, Бујановац и Медвеѓа, најавува големи протести за во март, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“. Тие бараат да се формира заедница на албанските општини по примерот на најавената заедница на српските општини на Косово. Велат дека се дискриминирани. Наведуваат дека во косовскиот парламент се обезбедени места 20 претставници на помеѓу 80 и сто илјади срби кои таму живеат, а 140 илјади Албанци во Србија имаат само еден свој претставник во парламентот на Србија.

„Албанците во Прешевска Долина се дискриминирани во сите сфери. Сакаме реципроцитет. Не бараме ништо повеќе од тоа што го бараат Србите на Косово“, изјавил Шаип Камбери, единствениот Албанец во српската Скупштина.

Западот бара Косово да ја формира заедницата на српски општини. 

Сега на маса е и француско - германски предлог за решавање на косовската криза. 

Но, поранешниот српски претседател Борис Тадиќ вели дека српскиот претседател Александар Вучиќ не постапил правилно и дека да бил тој на негово место, ќе го одбиел предлогот. 


Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Слично

Поврзани вести