Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците на протест – не сакаат во Албанија да се уништува сириското хемиско оружје

Албанците на протест – не сакаат во Албанија да се уништува сириското хемиско оружје
Во Тирана се одржаа протести на повеќе граѓански здруженија кои побараа да се запре со идејата сириското хемиско оружје да се донесе на уништување во Албанија. Од еколошките организации повикаа да се каже  „не“ на хемиско оружје и да се штити здравјето на граќаните. Граѓаните бараат од владата да не ги пригати предлозите од стратешките сојузници кои посочија дека во оваа земја може да се уништува хемиското оружје и најавија дека нема да престанат да протесетираат се додека Владата не ги прифати нивните барања. Според министерот за надворешни работи,  Дитмир Бушати Владата засега нема донесено одлука за ова прашање. „Имам контакти со претставници на САД и Европската унија околу предлогот на САД и Албанија да биде земјата каде би се уништивало хемиското оружје од Сирија. Нашата Влада се уште не е во фаза на донесување конечна одлука, затоа не треба да се избрзува со изјави“, посочи Бушати. Претходно албанскиот премиер Еди Рама и државниот секретар на САД, Џон Кери по телефон разговораа за идејата хемиското оружје од кое Сирија реши да се откаже, да биде донесено во Албанија за да се уништи. Според преседателот на  парламентот, Илир Мета земјата нема капацитети за уништување на хемиското оружје од Сирија. „За оваа прашање последниот збор ќе го каже Парламентот, но јас сметам дека Албанија нема капацитети за да го уништи хемиското оружје од Сирија“, изјави Мета пред неколку дена за албанските медиуми.
Слично

Поврзани вести