Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aлбанците кои го запалија српското знаме се ослободени

Aлбанците кои го запалија српското знаме се ослободени

Aлбанците кои палеа српски знамиња во албанскиот главен град Тирана се ослободени. 

Судот на Астрит Цара и Бесник Балани им изрече безбедносна мерка за задолжително јавување.

Полицијата приведе осум лица, Цара(41), жител во Тирана и Балани(56), жител на Круја, на кои им беше одредена мерка притвор, а за останати шест лица, на возраст од 15 и 16 години, жители на Тирана и Драч, судот одлучи да се бранат од слобода. Тие од јарболите извадиле и запалиле четири српски знамиња. 

Лицата ќе одговараат за кривични дела „поттикнување омраза" и „понижување на Републиката и нејзините симболи". 

Инцидентот се случи на 20 декември на протестот кој го организираше екс албанскиогт претседател Сали Бериша, кој е против иницијативата „Отворен Балкан“. Бериша и претходно му порача на српскиот претседател Александар Вучиќ да не доаѓа во Тирана, бидејќи ќе имало полни улици народ. 

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека оние кои ги палеа знамињата треба да се срамат.  Тој кажа дека и во Србија имало апсења кога палеле албанско знаме. 

Слично

Поврзани вести