Економија, финансии, бизнис

Контакт

Албанците го селат обложувањето во Црна Гора

Албанците го селат обложувањето во Црна Гора

Во управата за игри на среќа на Црна Гора стигнале две барања од Албанија за приредување на овие игри откако во таа земја е забрането коцкањето.

„Кај управата за игри на среќа се во постапка две барања на економски друштва за добивање концесии, чии основачи и извршни директори се од албанско државјанство со престој во Албанија“, рекол Мирко Рајковиќ, самостоен советник во Управата за игри на среќа во Црна Гора.

Во Албанија на 2 јануари на сила стапи закон за забрана за обложување, после што се затворени 4 300 обложувалници. Обложувањето во оваа земја е дозволено само во хотели со пет ѕвезди и тоа надвор од урбаните подрачја.

Од концесијата од игри на среќа во минатата година Црна Гора приходувала 15 милиони евра, 28,6 отсто повеќе од годината пред тоа.

Слично

Поврзани вести