Албанците да штедат струја, Рaма најави рестрикции
Премиерот Еди Рама најави рестрикции на струјата во Албанија, и повика луѓето да почнат да штедат.
Рама рече дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, со кој се предвидуваат намалувања во случај на потреба, пренесува весникот „Албанска пошта“.
„Го направивме овој план во случај на итни или вонредни ситуации. Луѓето да почнат да штедат“, рече Рама по разговорот со градоначалниците на Поградец.
Албанија не успеала да добие доволно струја. Европа ја чека тешка зима поради енергетската криза.
Слично
