Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМОТ НА ПРЖИНО СВЕТИ ЦРВЕНО: Иднината на Македонија под знак прашање?

АЛАРМОТ НА ПРЖИНО СВЕТИ ЦРВЕНО: Иднината на Македонија под знак прашање?

Пораката која амбасадорите ја испратија завчера очигледно ја става иднината на Македонија под знак прашалник.

Ако договорот не се имплементира Македонија ќе ја дочека негативната препорака од Европскиот извештај.

Од партиите засега се без коментар од билатералните средби кои се одржуваат единствено со посредникот Петер Ванхауте, додека амбасадите на САД и на Европската унија не учествуваат во преговорите.

Досегашните одделни средби на партиите со медијаторот Ванхауте се безсуепшни и нема промени во ставовите на партиите.

Што порача амбасадорската петорка во понеделникот?

Ако не се испочитуваат обврските од договорот од Пржино, тоа ќе се одрази врз оценката од Европската комисија за Македонија, а за тоа најголема одговорност ќе има шефот на Владата.

Ова е заедничката порака што завчера ја упатија амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција, Италија и Мисијата на ЕУ во земјава.

„Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја покаже потребната посветеност и да го спроведе договорот на конструктивен и итен начин и со добра намера. Го повикуваме премиерот Груевски да го овласти неговиот тим да го финализира договорот во делот на неисполнетите обврски од договорт од Пржино и да се имплементираат неопходните реформи брзо, за да се обезбеди терен за кредибилни избори кои ќе бидат признаени и дома и на меѓународен план, како и преземање одговорност за евентуалните незаконски дејствија“ – речеЧарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија  во РМ.

Западните делегати им порачаа на политичарите да работат во интерес на државата и итно да ги спроведат договорените мерки.

Тие побараа од СДСМ, да го исполнат нивниот дел од политичкиот договор  и да не објавуваат нови т.н бомби.

Ако преговорите пропаднат, на Македонија и се заканува меѓународна изолација, како што се случи со Белорусија.

Ванхауте рече дека ако договорот пропадне, Македонија ќе се соочи со меѓународи санкции и изолација, и најверојатно ќе ја изгуби и препораката за почнување преговори за членство во ЕУ.

Лидерите и нивните тимови не можат да се согласат околу комплетирањето на составот на специјалната обвинителка, а нема договор ниту за надлежностите на новите министри од СДСМ ниту за законот за бомбите.

За кршењето на договорот ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се обвинуваат меѓусебно.

СДСМ ја обвини владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Груевски за опструкција на преговорите. Од партијата велат дека договорот беше прекршен во моментот кога не беше комплетиран составот на специјалната јавна обвинителка.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека СДСМ излегува со нови барања и дека треба договорот да се почитува онака како што е потпишан.

Слично

Поврзани вести