АЛАРМАНТНО: Земја со најмлади пензионери во Европа
Во Хрватска се повеќе луѓе одат во пензија предвреме, покажуваат податоците на Евростат.
Старосни пензии има само 40%, додека европскиот просек е 77%. На ова рамниште Хрватите се на европското дно.
Колку е алармантна ситуацијата покажува и фактот што 75% од пензионерите во земјата се под 50 години.
Само 5% од пензионерите се над 65 години.
Демографот Стјепан Штерац вели дека сите демографски показатели во земјата се негативни.
„Хрватска ја снемува по природен пат, можеби дури и на ниво од 20.000 луѓе годишно“ - додава тој.
На еден пензионер доаѓаат еден до два работници, што на долг рок е неодржливо.
Придонесите се 21 милијарда куни годишно, а за пензии се одвојуваат 36 милијарди куни годишно.
Слично
