Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМАНТНО ВО СРБИЈА: Владата наложи рестрикции за заштита од коронавирусот

АЛАРМАНТНО ВО СРБИЈА: Владата наложи рестрикции за заштита од коронавирусот

Поради растот на бројот на заразени, Србија од утре воведува нови рестриктивни мерки. 

Српската Влада денеска донесе нови мерки, на предлог на Кризниот штаб за заштита од коронавирусот, со што се предвидува забрана за собирање на повеќе од десет лица на јавни места, како во затворен простор, така и на отворено.

Владата препорача да се користат маски на сите јавни места надвор, а употребата на маски е задолжителна на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од најмалку 1,5 метри, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки.

Српската Влада соопшти дека на јавни места мора да има растојание од најмалку еден метар и половина меѓу луѓето, односно дека може да има само едно лице на четири квадратни метри.

Во Србија, за 24 часа починаа 13 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи скокна на 442.

По смртта на српскиот лекар Мирослав Лазиќ, во Клиничкиот центар во Ниш почина уште еден лекар како последица од смртоносниот коронавирус, јавија српските медиуми. Педесет и девет годишниот Саша Сеферовиќ. 

Слично

Поврзани вести