Економија, финансии, бизнис

Контакт

Алармантно: Сава се заканува на Белград!

Алармантно: Сава се заканува на Белград!
Сава утре би можела да се излее по Белград, а под вода би можеле да се најдат улиците кај Ада Циганлија и Саемот. Сања Жугиќ, началник на управата за справување со ризик, за српски„Курир“ изјави дека Сава расте од час во час и дека најкритично ќе биде денес и утре. - Огромни количони на вода доаѓаат. Најкритично ќе биде во Обреновец, Сремска Митровица, Белград. Тешко е да се прецизираат конкретни локации. Се очекува водостој над нивото за вонредни ситуации. Коритото на Сава ќе биде како коритото на Дунав, вели таа. Тоа го потврди и министерот Александар Антиќ. - Србија во наредните денови ја очекува серизона драма со Сава. Ќе ја браниме Србија од Сава. други вести: Голема руска операција за спас на Србија
Слично

Поврзани вести