Алармантно: Банките во Македонија не можат да наплатат половина милијарда евра!
Банките не можат да наплатат половина милијарда евра. Станува збор не само за нефункционалните кредити, туку и средствата што банките ги презеле, поради тоа што не можеле да ги наплатат.
“Ако на салдото на вкупните нефункционални кредити го додадеме и салдото на преземените средства по ненаплатени побарувања, вкупниот износ на неликвидни или блокирани средства на банките е 525 милиони евра “ – изјави Ѓорѓи Јанчевски, прв човек на Здружението на банкари на дебатата на Финекспо 2012 та, посветена на финасиската состојба во земјава.
Јанчевски изјави дека од почетокот на годинава до ноември салдото на нефункционалните кредити се зголемило за 19 отсто или за 62 милиони евра, со што нефункционалните кредити изнесуваат 11% од вкупното кредитно портфолио. Како извор на раст на овие кредити, Јанчевски го посочи приватниот сектор.
“Речиси целиот пораст годинава е од делот на фирмите, додека порастот кај населението е минимален. Процентот од 11% е сеуште толерантен за споредба со опкружувањето Србија и Хрватска со 20%, Црна Гора со 18,5%, Словенија со 13,2%, Бугарија 23%. Но секој си го бере своето гајле, за нас е битно како да го запреме овој негативен тренд кој трае повеќе од две години“ – изјави првиот човек на здружението. “Иако прогнозите за идната година се доста песимистички мислам дека би можеле да гледаме и пооптимистично доколку се остварат поголемите странски инвестиции и најавените инвестиции во инфраструктурата“ – порача Јанчевски. Редакција Фактор
Слично
