Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ВО БиХ: Починаа 62 пациенти, се чекаат вакцините од Кина

АЛАРМАНТНИ БРОЈКИ ВО БиХ: Починаа 62 пациенти, се чекаат вакцините од Кина

Во Босна и Херцеговина само во последните 24 часа има 1.852 новоинфицирани со корона вирусот од 5.359 тестирани, а пријавени се 62 смртни случаи во јавните здравствени установи на ентитетот и во областа Брчко.

Здравствените власти предупредуваат дека болниците се преполни, а во моментов во БиХ има 14.047 активни случаи на Ковид-19.

Во Босна се уште не е почната масовната вакцинација, се чекаат поголеми дози вакцини. Како што денеска беше објавено Кина обезбеди донација од 50.000 дози вакцини. Министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, соопшти дека веднаш наредил да се иницираат сите потребни механизми за што побрзо прифаќање на пратката, што ќе биде од големо значење за БиХ, додека се соочува со тешка набавка на дози за спасување живот на светскиот пазар.

-Ќе ги вклучиме сите потребни институции во БиХ со цел овој процес да заврши што е можно побрзо, а вакцините да стигнат до крајните корисници“, рече Турковиќ.
Босна и Херцеговина досега има добиено донација од 10.000 вакцини АстраЗенека од Србија, кои се наменети за имунизација на медицински работници во Федерацијата БиХ, еден од двата ентитета во БиХ.


Слично

Поврзани вести