АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА: „Немаме вагони колку што имаме бегалци“
Македонски железници предупредија синоќа дека недостасуваат вагони за илјадниците бегалци кои одат кон Србија и земјите на ЕУ и ги повикаа своите соседи да помогнат во „алармантната состојба“.
„Транспорт“ нема веќе капацитет да ги превезе сите оние кои сакаат да патуваат кон земјите на Западна Европа. Состојбата е алармантна - рекол генералниот директор на македонското претпријатие Никола Костов за Телма.
Македонија побара од соседите и другите во регионот да испратат поголем број железнички вагони, но никој, досега, не одговор на повикот, наведе Костов.
Сите наши ресурси се исцрпени и ќе биде уште полошо во наредните денови-предупреува Костов прецизирајќи дека новот бран бегалци од Грција се очекува до крајот на неделата.
Грчката влада превезува над илјадници бегалци, со траекти, од остров до копно, односно од северно пристанишниот град Солун, откаде, со автобуси ги превезува до границата со Македонија.
Кога бегалците се најдат во Гевгелија, тие со возови го продолжуваат патот кон северот на Србија и евентуално земјите на ЕУ. Неодамна во Гевгелија изби хаос на станицата во кој имаше и повредени.
УНХЦР наведува дека само минатата нбедела во Грција стигнале 20.843 бегалци кои бегаат од војната во Сирија, но и од Авганистан и Ирак, додека во почетокот на годината на грчките острови стигнале околу 160.000 бегалци.
