Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЛАРМ ВО ЦЕЛА ГРЦИЈА: Малата Хрисула ја нема веќе два дена, ѝ се губи секој траг

АЛАРМ ВО ЦЕЛА ГРЦИЈА: Малата Хрисула ја нема веќе два дена, ѝ се губи секој траг

Цела Грција е на нозе поради девојката која наводно била киднапирана во областа Лариса!

Хрисула Хрисовалантос, која има 14 години, исчезнала во четвртокот околу 20:30 часот и се сомневаат дека е киднапирана и одведена во областа Александрија Иматија. 

Алармот го вклучила организацијата Детска насмевка која наведува дека девојчето било киднапирано од возрасен.


Хрисула е висока околу 1,55 m и тежи 55 kg. Има долга кафена коса и темнозелени очи. Девојчето во моментот на исчезнување носело зелени шорцеви и бела маица. Таа носела бели влечки. 

Секој со какви било информации за Хрисула се замолува да ја извести полицијата или здружението Детска насмевка. Граѓаните можат да се јават и на Националната телефонска линија за исчезнати возрасни лица или да поднесат информации преку апликацијата за предупредување за исчезнати лица. 


ИЗВОР: (CNN/)

Слично

Поврзани вести