Аларм на лицата со дијабетес : Животот не ни зависи од медицината и науката, туку од бирократијата!
Ели Секуловска од Битола боледува од дијабет тип 1 повеќе од 20 години.Вели со зборори е тешко да се опише нејзината или здравствената состојба на лицата со дијабетес бидејќи секој има своја животна приказна, а новиот ден за нив е и нов предизвик.
И додека во ниту една земја во светот не се предвидува ист или намален буџет за инсулини , земајќи ја во предвид природната преваленца на пораст на бројот на инсулинозависни дијабетичари од година во година , лицата со дијабет реагираат дека ресорниот министер при распишувањето на новиот тендер не криеше дека главниот критериум за набавка на инсулини се финансиите , притоа не обезбедувајќи сертификати за квалитет на истите, ниту пак гаранција на каква температура се транспортираат до македонската граница. Последиците велат допрва ќе се чувствуваат на грбот на болните.
“Контакатирајќи со голем број на дијабетичари , знам дека оваа година пациентите со дијабетес масовно се префрлаат од скапите(аналогни) инсулини на ефтините (хумани) инсулини , т.е.на првата генерација на инсулини од 1991 година.И додека FDA( Food and Drug Administraton) , ја одобри третата генерација на инсулини , кои треба да се лансираат во употреба во светот на почетокот на 2016 год . и кои овозможуваат рамен профил на гликемијата , кои имаат флексибилно време на дозирање и кои нас не штитат од ноќни хипогликемии од кои ние пациентите со дијабетес тип 1 често страдаме ,само заради рестриктивните мерки на нашата Влада , во Македонија пациентите се враќаат на првата генерација на инсулини т.е на најефтините хумани инсулини”-вели Ели Секуловска.
Со новиот тендер буџетот за инсулините беше смален за фрапантни 2,3 милиони евра , или последователно на тоа за 145.480 пенкала помалку ,а сето ова според лицата со дијабетес ја антиципира можноста во 2016 год. настане поголема инсулинска криза од претходната во 2014 год.
“Денес е 14-ти Ноември – Светскиот дена на дијабетесот , денот кога на глобално ниво се води грижа за унапредување на лечењето на оваа тешка болест.Ова е и денот , кога Дејвид Камерун во Парламентот одговара на сите прашања поврзани со се што британската Влада превзема за подобрување на лечењето на децата и возрасните со дијабетес , додека пак нашата Влада , заедно со министерот Тодоров свесно се фали колку заштедила со новиот тендер (2014-2016год.)на инсулини и инсулински помагала . Додатен трагицизам на оваа бизарна приказна е тврдењето дека министерот обезбедува најсовремена инсулинска терапија и дека притоа паметно се штеди!!! Потомогнат од одредени дијабетолози од Клиниката за ендокринологија при Клиничкиот Центар во Скопје , кои за жал го покажаа својот строго детерминиран субмисивен послушнички код ,го тврдат истото , па дури и орвеловски се манипулира со јавноста дека во Македонија речиси 90% од дијабетичарите се лечат со новите аналогни инслини , и дека ние котираме на многу високо ниво во светот по кавлитетот на инсулинската терапијата”-додава Секуловска.
Глупост или вивисекција?!
Во Скандинавските земји речиси сите пациенти се префрлени од хуман на аналог инсулин уште пред десетина години а во Велика Британија има 75% од пациентите. Во Македонија во 2015 година, како што вели Секуловска, пациентите масовно се префрлаат од аналог на хуман инсулин,па дури и новооткриените пациенти се ставаат на ефтиниот хуман инсулин. Најстрашно според неа е тоа што промената на видот на инсулинот кај пациентите се врши без клинички испитувања , без доказ , туку паушално ,што сето ова се коси со правилата од научната студија UKPDS(United Kingdom Prospective Diabetes Study) ,во која се вели дека ако пациентот има добро регулиран дијабет т.е. HbA1C (гликолизираниот хемоглобин , т.е. средната вредност на гликемијата во последните три месеци е во нормални граници) , тогаш не се препорачува менување на типот на инсулинот.
“Во Македонија имаме на располагање само 6мм игли , и тоа ни даваат по една инсулинска игла на пенкало , а иглите треба да се менуваат на секое второ инјектирање на инсулин (ама и тоа многу од пациентите не го знаат , нема кој да им каже) додека во светот имате игли со должина од 4мм,8мм,10мм ...
И кога ќе се пожалиме , зошто кај нас има само еден тип на инсулински игли , лекарите се повикуваат на непостоечки референци , дека без разлика на должината наа истите , апсорпцијата на инсулинот била иста .Со новиот тендер се набавено ефтини кинески апаратчиња кои покажуваат погрешен резултат , во споредба со старите .И тоа ако мерите со иста капка крв со двете апаратчиња , ќе заклучите дека колку ви е повисока гликемијата , разликата што ја покажуваат апаратчињара се зголемува и тоа не по аритметичка , туку по геометриска прогресија . Тоа е многу ризично за нас дијабетичарите со дијабетес тип 1 , кои сме на интезивирана терапија и кои инјектираме инсулин по 4 – 5 пати на ден и често вршиме инсулински корекции , кои се базираат на резултатите од измерената гликемија” -раскажува Ели Секуловска.
Буџетски заштеди, двојни камати!
Таа стравува дека заштедите од буџетот со камата ќе стигнат на наплата кога за неколку години на ризичните групи на дијабетичари ќе им започнат компликациите како консеквенца на несредената гликемија и нема да ја носат личната трагедија само тие самите , туку сето ова ќе има пошироки општествени и социјални импликации.
“Ова што се случува е директно загрозување на правото на пациентот , на неговото основно право на живот. Ова , по мое мислење е најтешката врста на дискриминација према нас , пациентите, кои ионака сме дискриминирани со оваа тешка болест. Јас го уверувам министерот дека ваквите бирократски рестрикции не се во склад со Милениумските цели на Обединетите нации , ниту во склад со Декларацијата на СЗО(Светската Здравствена Организација) за здравјето на светсктата популација , ниту пак со Европската стратегија на СЗО , како ниту во склад со Европската стратегија за здравје и развој на децата и млaдите на СЗО. Загрижувачки е фактот што на лекарите – ендокринолози им се испраќаат писма со импретивен тон, од страна на Националната комисија за дијабетес, им се наметнува мислење, да не препишуваат од скапите туку од ефтините инсулини и им се наложува колку пациенти треба да бидат префрлени на истите . И секој пациент или лекар што ќе го подигне својот критички глас за оваа ситуација ќе биде денунциран и етикетиран во негативен контекст . Па се прашувам :”Врз основа на кој светски Правилник , оваа Национална Комисија за дијабетес си дозволува да ја спори стручноста на еден лекар – специјалист”? И како резулатат на оваа бирократска пасквила , единствени што страдаме сме ние , пациентите”-потенцира Секуловска.
Каде е мислењето на лекарите?!
Лицата со дијабетес, додава Ели се разочарани од дефетистичкиот став на лекарите, а и на самите пациенти . Денес оваа болест ако мудро и внимателно се третира не остава никакви последици на квалитетот на животот и неговата должина .
“Ќе направам една мала дигресија . Неодамна сушав едно интервју со еден не многу познат писател на нашите простори Анджеј Сташук , кој вели дека ако сакате да видите како функционира една држава , тогаш одите во нејзината провинција и видите како се однесува спрема најслабите . Така да ако се земат овие два аспекти во предвид , во Македонија ситуацијата е катастрофална . Јас живеам во Битола , и боледувам од дијабетес тип 1 повеќе од 20 години . Можам само да кажам дека вака никогаш бе било . Во битолската болница, која се води како клиничка болница, кон која гравитираат околните помали градови , замислете немаме детски дијабетолог , т.е. немаме педијатар – ендокринолог. Жално е што кај нас , животот на многу пациенти со оваа болест , не зависи од напредокот на науката , каков што е случајот со нашата мала земја на брдовитот Балкан , туку од бирократијата”-завршува Секуловска.
С.Б.
Слично
