Аларм: Малолетници на 11 години се фаќаат за чашка, девојките пијат повеќе од момчињата!
Расте бројот на млади адолесценти кои конзумираат алкохол, а се намалува границата на возрастa кога прв пат се зема чашка врака. Надлежните алармираат-се почесто на Клиниката за токсикологија завршуваат и деца. За полесно да се вклопат во друштвото или да бидат популарни меѓу пријателите младите првата чашка алкохол ја пробуваат и во основно училиште. Ако пред десетина години,за време на викендите, на забави или разни славења биле регистрирани се повеќе момчиња под дејство на алкохол, кои поради неискуство и незнаење експериментирале со алкохолот и завршиле на медицински третман, денес, вели директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев, под дејство на алкохол се примаат пациенти и под 14 години, кои во нормални услови би биле третирани на детската клиника.
„Алкохолот е лесно достапен за тинејџерите кои експериментираат. Најголем процент од адолесцентите имаат пробано алкохол. Некои пробале во една прилика и се откажале, а други редовно си ја полнат чашата. Голем дел од тинејџерите не се доволно информирани за последиците од неконтролираното конзумирање на алкохол. Порано најчесто момчињата беа примани како итни случаи на Токсикологија, поради преголема доза на алкохол во крвта, но ако тој процент пред десетина години беше 90-10 момчиња/девојчиња, денеска имаме драстични промени.
Па така, денешната слика покажува дека 60% од малолетните пациенти се момчиња,а 40 % девојчиња, што укажува дека имаме промена во конзумирањето на алкохолни пијалоци кај женската популација. Ние на Клиниката за токсикологија, згрижуваме пациенти кои не се постари од 14 години, но имаме третирано и деца од 11 годишна возраст кои биле под дејство на алкохол и биле згрижени кај нас поради брзата интервенција, која била потребна за да се спаси младиот живот.Младите само знаат дека пиењето е забавно, и дека сите го прават тоа, веруваат дека тоа ја зголемува нивната популарност,“ вели д-р Андон Чибишев-Директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.
Алкохолот, додава д-р Чибишев, не е прескап за да не може да се купи. Го има на секој чекор. И покрај законските забрани за продажба на алкохол, со кои деновиве истиот може да се купува до 19 часот, факт е дека алкохолот е на дофат на младите и дома и надвор. Затоа според Чибишев, мора да се работи на менување на свеста на младиот човек, да се едуцира, кои се негативните последици од алкохолот.
„Ограничувањето на продажбата на алкохолот е само еден елемент во рамката за намалување на пијанства и алкохолни труења кај младите. Радува фактот, што почнаа да функционираат родителско-полициските контроли, па на терен родителите директно да видат што прават нивните деца. И јас сум родител, и сакам да знам што прават моите деца. Ги учам, советувам, но сепак млади се и лесно потпаѓаат под влијание на околината и друштвото.
Најевтиното трезнење на Клиниката за токсикологија чини 3000 денари, но уште поевтино е кога родителот ќе излезе надвор, ќе се соочи со реалноста и вистината, и ќе види што прави денешната младина, која никако не смее да се испушти од раце. За жал, западно-европските трендови дозволивме лесно да дојдат кај нас. Ме охрабрува фактот што имаме намалување на бројот на алкохолни труења, но за жал имаме и намалување на возраста кога се почнува прв пат со пиење алкохол”-потенцира д-р Чибишев.
Едуцирана младина-трезна младина!
Од една чаша не се станува алкохоличар е тезата на оправдување, која најчесто ја користат младите лица за да си продолжат со “задоволството”. Според нив, ако се случи нешто лошо,пиеш да заборавиш, ако се случи нешто убаво, пиеш да прославиш, но ако ништо не се случува, пиеш за нешто да се случи.
Неконтролираното конзумирање на алкохол кај младите почнува наивно, но од ден на ден станува и проблем на семејството. Родителите во трка за гола егзистенција бараат начин да стигнат до денар повеќе. За алкохолизмот како проблем се зборува кога веќе е доцна. Претседателот на здружението на граѓани –апстиненти „Здрав живот” - Владимир Панзов, вели дека алкохолот е искушение на кое лесно може да се подлегне, особено кај младата популација. Тој како поранешен зависник од алкохол, денеска гордо и отворено говори дека успеал да го надмине овој порок, да продолжи со животот и да им помага на оние кои сеуште ја водат битката.
„Кај нас не се зборува за алкохолизмот како проблем, едноставно и не се зборува воопшто. Како алкохоличарите да се иселени од државата. Денеска имаме реален проблем кај младата популација. Се почесто, девојчињата пијат трендовски-се развива женски алкохолизам. Посегнуваат по чашка од помодарство или разочараност. Јас секоја година со членови од нашето здружение одам неколку пати во работна посета во клубови во Италија, кои ја третираат зависноста од алкохол и делуваат директно да им се помогне на зависниците и нивните семејства. Правиме курсеви за сензибилизација, носам млади луѓе од Македонија во Италија,кои утре ќе работат во клубовите на лекувани алкохоличари кај нас.
Деновиве ќе излезе и книгата “Децата и младите во клубовите” -од италијанска авторка Лаура Аламузо, со која имаме прекрасна соработка и која преку едноставен пристап стигнува до младиот човек, нагласувајќи ги опасностите и последиците од зависноста наречена –алкохол.Според мене, родителите не смеат да ги кријат семејните проблемите од децата, туку тие треба да бидат вклучени во решавање на проблемите. Книгата јас бесплатно ќе ја давам по градинките и училиштата, за превенција од тие девијантни однесувања и последиците од нив, од мали децата да го сватат проблемот. Во клубовите се обидувам да го вклучам целото семејство, и тоа активно да помогне бидејќи треба и на членовите од потесното семејство да им се објасни што се случува со лицето-алкохоличар. Социо-еколошкиот пристап на третирање на алкохоличарите го замени здравствениот пристап од дваесетиот век, кој не ги даде очекуваните резултати.
Во Македонија има пет клуба кои работат со поранешни и сегашни зависници од алкохол, кои сакаат втора шанса, за нив и нивните најблиски. Два клуба се во Скопје, два во Велес и еден во Кочани. Бидејќи во Штип нема клуб на лекувани алкохоличари, едно семејство кое маката ги натерала, доаѓа во клубот во Велес. Девет месеци живеат во слога,разбирање и семејна хармонија, откако нивниот член-алкохоличар престана да пие и секојдневно преку клубот и животните искуства на поранешните алкохоличари успева да се справи со зависноста. Во Италија има 4250 вакви клубови, во Хрватска 700 , Србија околу 500, но ние сме сосема на дното во превенцијата преку клубови за поранешни алкохоличари”-додава Панзов-од здружението „Здрав живот”.
Надлежните алармираат: Расте бројот на жени интелектуалки-алкохоличарки!
Кај младата популација е тешко да се зборува за директна зависност од алкохол бидејќи е потребен подолг период за истата да се создаде. Конкретно испитување за зависноста од алкохол нема, но во склоп на Стратегијата за превенција од алкохол се прават проекти како превентивно да се влијае. Недостасуваат поригорозни мерки од истата кои би го намалиле бројот на постојани конзументи на алкохол, смета Павлина Васкова –Национален координатор за проблеми со алкохол меѓу Светската здравствена организација и Министерството за здравство и раководител ка одделението за зависности во психијатриската болница Бардовци.
„Денеска кај нас, имаме пораст на жени под дејство на алкохол, на различна возраст. Се почесто имаме и случаи на млади интелектуалки на високи позиции кај кои се развива депресијата од товарот на модерното живеење. Лечењето на алкохолизмот како болест трае интензивно од 2 до 3 месеци и најмалку 1 до 3 години, кога продолжува психо-социо тераписката програма, преку клубови на лекувани алкохоличари, во кои работат стручни лица(психолози, социјални работници) кои помагаат во рехабилитација како полесно да се поминат овие промени. Јас мислам, акцизата од продажбата на алкохол треба да оди покрај во здравствени фондови и во превентивни програми кои ќе им помогнат на зависниците од алкохол да го надминат здравствениот и социјалниот проблем, бидејќи кај нас не се одржува континуитет во лечењето,”вели Васкова.
Според упатените, Македонија е единствената земја од регионот која нема регистар за евиденција на алкохоличари. Затоа е тешко да се зборува за нив низ бројки. Проблемот или ризикот се носи со секој испиен алкохолен пијалок, бидејќи лесно се подлегнува на искушението и навиката, а самата зависност не се создава преку ноќ. За маж да стане алкохоличар, според упатените, потребни се 15 години континуирано пиење, додека за жената потребни се 10 години. Но раното конзумирање на алкохол според надлежните, може лесно да ја турне младата популација во зависност од алкохол.
Пијани возачи, потенцијална опасност во сообрајќајот!
Неконтролираното конзумирање на алкохол може да има негативни последици и кај возачите, независно од возраста. Но, тинејџерите како возачи, се поранливи од ефектите на алкохолот бидејќи имаат послаба самоконтрола, сакаат да експериментираат и немаат доволно искуство за да постават граници.И надлежните од Министерството за внатрешни работи, велат дека расте бројот на сообрајќајки во кои главен причинител се пијаните возачи. Според информациите на Секторот за внатрешни работи -Скопје, само во метрополата, во првите осум месеци годинава, од јануари до август, биле регистрирани 115 сообрајќајни несреќи предизвикани од возачи под дејство на алкохол, или за 23 повеќе од истиот период лани, кога биле регистрирани 92 сообрајќајни незгоди.
С.Б.

Слично