АЛАХОВА МИЛОСТ ЗА ЖРТВИТЕ: Ердоган по бомбашкиот напад во Истанбул, загинаа шест, а повредени се 53 луѓе
Турскиот
претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека бројот на загинати во експлозијата
во центарот на Истанбул се искачи на шест, а 53 се повредени, пренесе РИА
Новости.
– Според информациите што ги добив од гувернерот на градот, шест лица загинаа во овој момент, а бројот на повредени е 53, изјави Ердоган на брифинг во Истанбул.
Турскиот лидер експлозијата во центарот на градот ја нарече „бомбашки напад“.
– Посакувам Алахова милост на нашите браќа и сестри кои загинаа во бомбашкиот напад што се случи денеска во 16:20 часот на улицата Истиклал, а на нашите ранети брзо закрепнување, рече Ердоган на брифинг во Истанбул.
Експлозијата се случи во неделата попладне во пешачката туристичка улица Истиклал во центарот на Истанбул.
Според извор на РИА Новости запознаен со ситуацијата, полициските службеници разгледуваат верзија за нападот.
