Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКТУЕЛНА ТЕМА КОЈА ГИ ЗАСЕГА ГРАЃАНИТЕ: УЈП објави детали за даноците за две групи прехранбени производи

АКТУЕЛНА ТЕМА КОЈА ГИ ЗАСЕГА ГРАЃАНИТЕ: УЈП објави детали за даноците за две групи прехранбени производи

Граѓаните ги засега кои производи од утре ќе поскапат. Од Управата за јавни приходи (УЈП), објавија детали околу новините во измените и дополнувањето на Законот за ДВВ. 

Се работи за две групи на прехранбени производи. Во едната даночна група се даночат производи кои се основни прехрамбени продукти со 5 отсто данок за ДДВ, додека пак други производи кои не се сметаат за основни производи за човечка исхрана ќе се даночат со 10  отсто. Повластена даночна стапка од 5 отсто и за, публикации (се однесува на книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина), менструални производи, пелети, печки на пелети и котли на пелети и топлинска енергија за греење.

Сите детали на веб страницата на УЈП. 

На 28 септември, Министерството за финансии објави дека сите основни прехранбени производи, кои граѓаните ги користат во секојдневна употреба се дел од листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повлатена стапка на ДДВ од 5 отсто. Листата, која со одлука ја усвои Владата тогаш, содржи над 1.600 производи и истата се проширува со производи како што се електронските/дигитални учебници и други производи. На оваа листа на повластена стапка на оданочување остануваат и пелетите за загревање.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести