Актуелна обвинителка од Гевгелија Катица Јанева е Специјален обвинител
Актуелна обвинителка од Гевгелија Катица Јанева е Специјален обвинител. Ова било договорено меѓу партиите рано изутринава.
Таа сама ќе ги бира соработниците, што ќе и биде овозможено преку специјален закон.
Со ова во предвидениот рок завршија преговорите за избор на специјален обвинител под чија надлежност ќе бидат прислушувањата, индициите за криминал од разговорите, како и случајот ПУЧ.
Јанева е обвинителка од Гевгелија и се смета за изненадување во преговорите. Имено досега се лиферуваа имиња на луѓе што генерално беа општо познати во јавноста. Постоеше опција да се избере и условно речено, непознато име, без хипотеки, кое нема да може да биде оцрнувано за да се обезбеди целосен кредибилитет на новиот обвинител.
Слично
