Акцијата на „Алкалоид“ постигна рекордна годишна цена
Наближува периодот за годишни акционерски собранија, инвеститорите очекуваат позитивни вести од „Алкалоид“ за дивиденда која е многу конкурентна дури и поатрактивна од банкарските камати, но очекуваат и неговите менаџери и годинава да купуваат акции од компанијата што ја раководат.
Токму тие аргументи ја кренаа цената на акцијата на „Алкалоид“ една од најугледните домашни компании на ново рекордно ценовно ниво од 5.300 денари за акција.
Прометот за изминатава седмица изнесува 5,1 милиони денари и во споредба со првата трговска седмица овој месец бележи зголемување од 96 отсто. Ова се многу охрабрувачки вести за сите сопственици на акции во „Алкалоид“ особено за трејдерите кои тргуваат на кратки патеки. За сите други, пак, кои не ставале многу внимание на акцијата на „Алкалоид“ сега лебди дилемата „дали е веќе доцна да се влезе?“
Одговорот го има само невидливата рака на пазарот, психологијата на продавачите и очекувањата на купувачите. Како и да е „Алкалоид“ уште еднаш докажа дека е „обврзницата“ меѓу најликвидните македонски акции, дека е адут што секогаш е пожелно да се има во портфолио акции.
Слично
