„АКЦИЈА ТИТАНИК“ НА СЈО: Побаран притвор за лица осомничени за изборна измама, на удар поранешни министри!
На прес конференција на специјалното обвинителство која заврши пред малку беше соопштено дека Специјалното јавно обвинителство го преземало првиот случај, акција наречена „Титаник“.
Според она што беше соопштено е дека од СЈО побарале првитвор за осум лица кои го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите, како и да интервенираат во избирачкиот список во корист на апртијата од која доаѓаат.
Истрагата која е отворена се однесува за :злостроничко здружување, -повреда на избирачко право,повреда на слобода на избирачите, поткуп при избори и гласање, -уништување на избирачки материјали- злоупотреба на средства од изборна кампања.
Осомничени се поранешни министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, заедно со други лица.
Едно лице веќе е лишено од слобода, како дел од истрагата. За кривичните дела се предвидуваат казни затвор во времетраење од 3 години и повеќе. Отворена е истрага и против 5 судии на управниот суд и 4 членови на ДИК заради злоупотреба на службената должност во 2013-та година.Обвинителката Ленче Ристова, пак, истакна дека во рамки на оваа акција под кодно име „Титаник“, барања за притвор како мерка на обезбедување на одредени лица биле доставени во текот на денешниот ден (досега од слобода било лишено само едно лице), но таа додаде дека не може да ги открие идентитетите на овие лица во оваа фаза на постапката.
Шефицата на СЈО Катица Јанева рече дека имаат поддршка во својата работа не само од правната струка, од судии, адвокати и обвинители, туку и од целата меѓународна заедница и демократски свет.
