Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКЦИЈА ПУЧ: државен удар или класична политичка местенка?

АКЦИЈА ПУЧ: државен удар или класична политичка местенка?
На едно место Фактор Ви ги пренесува ставовите на дел од јавните личности и експертите, по акцијата ПУЧ што власта ја организираше против лидерот на СДСМ Зоран Заев: Алберт Муслиу: Обвинување за Пуч е сериозна работа – јавноста да дознае кој со тенкови сака да го сруши уставниот поредок albert-Musliu-500Барање за техничка влада и предвремени избори не е државен удар. Барањата на опозицијата се јасни уште од првиот ден по изборите. Според мене, ако е обид за државен удар, надлежните треба да излезат и да кажат што се случува и секако да се продолжи со акцијата. Затоа што, државен удар меѓудругото значи насилство со оружје, тенкови по улици. Дали кај нас се уапси некој генерал или полициски чиновник? Тој дел е нејасен. Во Турција имаше апсења на генерали, полицјаци итн. Понатаму, се укажа на тоа дека странски служби работеле во земјава, треба да се каже од која држава се и како Македонија ќе реагира. Дали ќе протера некој амабасадор кој давал информации за државен удар? Во нормални држави има и такви разрешници. Не можеме ние како држава да не реагираме ако некоја странска држава ровари. Трето Заев тврди дека информациите се од локални извори. Четвртото уцената е друга работа. Тоа не е насилно рушење, туку е уцена што е исто кривично дело. Секако и тоа треба да се докаже и овде обвинителството треба да го докаже тоа дело. Се надевам дека целата постапка ќе биде транспарентна. И пето најмалку од се се збореше за содржината на материјалите. За тоа никој не зборува…За мене се битни ставовите кои официјалните лица ги изјавија премиерот, министерката за полиција и Заев како спротивна страна.. Јове Кекеновски: Груевски треба да знае дека копирањето на Ердоган кај нас не поминува! jove-kekenovskiПосле случувањата од 24 декември 2012 година, кога исто така беше споменат обид за државен удар ова е веќе втора ваква најава. Најчесто државен удар или пуч се дефинира како ненадејна смена на власта во една држава со противуставни средства. Најчесто го изведува војската или некој висок државен функционер или група која има влијание на клучните институции и органи во државата. Шесто, ,,заканите” кои се случувале во службена просторија, а кои претпоставувам дека се снимени од страна на надлежните органи во редовна правна постапка, ќе барав надлежните ги објават пред целата македонска и светска јавност. Многу поголем ефект ќе се постигнеше кога јавноста ќе видеше со каков ,,заканувач” си има работа премиерот на Р. Македонија, отколку со вакво обраќање. Седмо, пред јавно да се обрати Груевски мораше да знае дека копирањето на постапките и мерките кои Таип Ердоган ги превзема во Турција не се применливи на овие простори. Осмо, што значеше повикот да гледаме ,,во живо“ како ќе се одвива судскиот процес?! Зошто прејудицирање и сигурност дека ќе се води судски процес?. Еве, и да се води судски процес, дали тоа значи сервирање нова илузија на народот, нова турска серија, со која ќе се отргнеме од секојдневните се поголеми егзистенцијални проблеми?! И на крај,како деветто,  претседателот на СДСМ, Зоран Заев не смееше да тактизира и со доказите да се  обидува да извлекува корист за него и партијата туку требаше под итно да ги обелодени и да ги даде на органите на државата. Не смееше да не држи сите за заложнци, а во меѓувреме да се пазари со Груевски. Туку требаше да ги обелодени и да не убеди сите нас. Да ги достави на истражните органи без разлика дали верувал или не во судските органи. Ивица Боцевски: Заев лесно се импресионира од приказни на разно разни мрачни и матни типови. Ivica-Bocevski-1Ова е ситуација  или или. Со тоа што пак ќе кажам дека Заев нема капацитет да се носи со претседателската позиција на СДСМ, што пак значи иден премиер на државата. Сметам дека Заев лесно се импресионира од приказните на разно разни мрачни ликови во Македонија. Ги видовме стратегиите и на двајцата. Логиката на премиерот е дека со најавите на „бомбите“ ќе се удри по него и ќе се наруши неговиот личен интегритет и неговиот интегритет како политичар. Со вчерашните настани сметам дека тој сака да излезе пред јавниста и да ги расчисти сите дилеми. Логиката на Заев пак е дека за Македонија најопасно е да остане Груевски на власт и да ги убеди сите дека Груевски е неморален, корумпиран и дека ја носи Македонија во пропаст. Не може да се точни двете логики. Значи една логика е исправна. Но, ќе почекаме, ќе видиме во наредионот период која од овие две логики е точна. Ќе почекам да видам и со студена глава да донесам свој заклчучок чија логика е исправна. Но, пак ќе повторам Заев лесно се импресионира од приказни на разно разни мрачни и матни типови. Татјана Каракамишева: Заев соработувал со странски служби, граѓаните се ставени во заложништво karakami[eva,jpgСите граѓани се ставени во филмот и приказната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Да не ги заборавиме неприфаќањето на мандатите и изборните резултати, без да посочат каде имало нерегуларности. На тој начин удрија шамар на своите избирачи, а и на сите граѓани без разлика дали биле на избори. Ги ставија сите граѓани во заложништво. Овие работи кои и се случуваат на Македонија ќе ни го нарушат угледот, имиџот на државата и ќе ја дестабилизираат политички. Наместо сега да се занимава Владата со привлекување на странски инвестиции , ќе се занимава со вакви сценарија и политички притисоци – вели универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска, во вечерашното гостување во емисијата „Акцент“ на МТВ. Таа смета дека ова е создадено поради несериозност на некои политичари, заради нивната политичка неписменост. -Очигледно Заев и немал некој политички аналитичар кој ќе го советува, ќе му даде пример како се објавуваат вакви работи, доколку сакал да обелодени некакви криминали. Судска разврска ќе има. Она што ние не можеме да го заборавиме е дека црното мастило е фрлено врз сите, без разлика дали сме граѓани што ја поддржуваат или не ја поддржуваат власта. Сите сме ставени во ист казан и сите ќе си ја сркаме истата чорба.  Во политиката има многу луѓе кои се на повисоко ниво на политичка култура, но избрана е одредена гарнитура во опозицијата која не може да се носи со улогата што ја има – додава таа. Ацо Кабранов: Случајот ПУЧ ја покажа срамната улога на медиумите под команда на Груевски! aco-1-540x303Мислам дека премиерот со денешното обвинување на опозицискиот лидер Заев за шпиунажа прави очајнички обид да го спречи стартот на објавување на најавените бомби за криминали во власта и за масовно прислушкување и следење на бизнисмени,новинари, активисти на невладини организации но и нивни приврзаници за да знаат кој што мисли и да контролираат. Веројатно премиерот имал информации дека опозицијата кон средината на наредната недела ќе стартува со доказите кои ќе го искомпромитираат Груевски и луѓето околу него и затоа се обиде да се скрие зад обвинителството и судот,односно да спречи доказите да имаат последици по него со помош на судот кој го контролира како што беше во случајот Македонска банка. Овој пат мислам дека ќе биде поинаку. Тажно е што Груевски е спремен и да го судри народот меѓу себе за да се спаси. Тоа го прави само неодговорен политичар и кукавица. Денеска тој беше и судија и обвинител и манипулатор и хушкач на судир меѓу неговите приврзаници и оние што не му се наклонети. Деновите што се пред нас ќе ни покажат дали имаме сили да се избориме со овој режим. Заев сигурно дека сам тоа неможе. И за крај и денеска се покажа срамната улога на телевизиите под команда на Груевски, националните Сител, Канал 5 и Алфа и пред се државната МРТВ. Незнам тие колеги еден ден кога се ќе излезе на виделина дали нема да им биде срам да останат на екраните.
Слично

Поврзани вести