АКЦИЈА „ЧЕКАН“: Деветнаесет уапсени во мрежа за лихварство!
Вкупно 19 лица се уапсени во големата полициска акција утрово против криминална група осомничена за лихварство, изнуда, перење пари и злосторничко здружување.
Осумнаесет од уапсените се од Гостивар, а еден е од Скопје. Меѓу нив има и четворица адвокати и еден извршител.
Во акцијата со кодно име „Чекан“, МВР ги сомничи уапсените дека откако ќе ги довеле во неликвидна економска состојба лицата кои позајмувале пари од нив, им упатувале сериозни вербални и физички напади, а потоа ги терале да склучат фиктивни нотарски и адвокатски договори, составувани од осомничените адвокати. Со овие договори за купопродажба на недвижен имот или возила им го присвојувале имотот и возилата или со помош на извршителот покренувале и спроведувале постапки за извршување врз имотот на оштетените лица.
При акцијата биле запленети и 20 патнички возила, четири пиштоли без дозвола и поголемо количество пари - околу 43.000 евра, 12.000 швајцарски франци и над 230.000 денари.
Слично
