Акциите на Apple скокнаа по големиот интерес за iPhone 7
Без оглед што на почетокот на годината имаше загриженост кај аналитичарите на Вол Стрит новите бројки на берзите покажуваат дека вредноста на акциите се зголемува по одличната промоција на iPhone 7 и големиот почетен интерес за новите модели. Моментално една акција на Apple се тргува за 108.38 долари што претставува раст од 2.95 проценти.
Apple соопшти дека оваа година нема да ги откри бројките на продажба на iPhone 7 за првиот викенд од лансирањето бидејќи повеќе не можат да го срушат сопствениот рекорд од 13 милиони продадени уреди, туку ја менуваат политиката на страната на понудата, наместо на побарувачката, па секој нов испорачан смартфон ќе се смета за успех.
Слично
