Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на Алкалоид најтргувани во август

Акциите на Алкалоид најтргувани во август

На Македонската берза најтргувани хартии од вредност во август биле акциите на Алкалоид, Комерцијална банка и Прилепска пиварница. Ова го покажува месечниот статистички билтен.

Акциите на Алкалоид со 173 трансакции биле најтргувани тој месец и учествуваа со 29,3 отсто од вкупниот промет.

Потоа доаѓаат хартиите од вредност на Комерцијална банка, со 117 транскации и 15,35 отсто учество во вкупниот промет.

На трето место се акциите на Прилепска пиварница со вкупно 16 трансакции.

Акциите на Макошпед пак минатиот месец имале најголем пораст со скок од 11 отсто, а веднаш после нив акциите се зголемиле и на НЛБ Тутунска банка Скопје со пораст од 8,68 отсто.

Најголем пад на акциите пак, бележи РЖ КПОР Скопје, чии хартии од вредност завршија 74,74 отсто во минус.

Слично

Поврзани вести