Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акциите на ,,Алкалоид” најтргувани на Македонската берза

Акциите на ,,Алкалоид” најтргувани на Македонската берза
Најтргувани акции на Македонската берза во перодот јануари-јуни годинава биле акциите на ,,Алкалоид", покажува берзанскиот билтен за првото полугодие од годинава. Во тој период, компанијата извршила 985 трансакции и истргувала со 35 343 акции со просечна цена од 5 070 денари за акција. На второто место се најде Комерцијална банка, со истргувани 82 171 акција по просечна цена од 1 907 денари. Акцијата на ,,Макпетрол" се најде на третото место со 2 317 акции истргувани по просечна цена од 19 510 денари. На листата најтргувани акции на Македонската берза во првото полугодие од годинава се најдоа и акциите на НЛБ „Тутунска банка“,„Македонски телеком“,„Гранит“, „Прилепска пиварница“, „Стопанска банка Скопје“, „Скопски пазар“ и „Македонија турист“.
Слично

Поврзани вести