Економија, финансии, бизнис

Контакт

Актор бара продолжување на роковите за Коридор 10

Актор бара продолжување на роковите за Коридор 10

Грчката компанија Актор барала продолжување на роковите за сите четири делници за Коридорот 10 по половина година, рекла министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, пренесува српскиот портал bizlife.

Михајловиќ на конференцијата за новинари во Владата на Србија истакнала дека министерството заземало став после извештајот на Работната група и Надзорна комисија за доцнење на работите и го проследиле до јавното претпријатие Коридори на Србија.

„Потписник на договорот со Актор е компанијата Коридори Србија која е надлежна за нивна реализација. Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура го дефинирало ставот и чека одговор“, рекла Михајловиќ.

Таа истакнала дека е „нормално понекогаш да има проблеми, но дека главна причина во доцнењето на работите на Актор е недоволно луѓе на трасите“.

Роковите за завршување на работите на Коридорот 10 на трасите кои ги гради оваа грчка компанија се, според нејзините зборови кон крајот на оваа година и првото тромесечие во наредната година. Актор работи на делниците Банцарево-Црвена река, Црвена река -Чифлик, Станичење-Пирот, во должина од 48 километри и на обиколницата околу Димитровград.

Слично

Поврзани вести