Активисти најавија ,,спектакуларно сечење лента’’ за новата ограда на Владата
Активистите на граѓанската иницијатива ,,АЈДЕ” за денеска во 13 часот најавија ,,спектакуларно сечење на црвена лента” на новата зграда на Владата на Македонија.
,,За да учествувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги. Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда! АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!Македонија оградена и вечна! За Македонија напреТ! Важно се (о)гради!" – се вели во поканата на ,,АЈДЕ".
На овој начин тие го покажуваат својот револт за поставувањето на железната оградата која чини 700 000 евра и со која се ограничува и пристапот до Владата.
Слично
