Економија, финансии, бизнис

Контакт

Активисти алармираа дека мигрантите се соочуваат со насилство во Бугарија

Активисти алармираа дека мигрантите се соочуваат со насилство во Бугарија

Групите за човекови права алармираа дека мигрантите кои минуваат низ Бугарија, се соочуваат со тепање, закани и други манифестации на насилство од страна на полицијата, иако бугарската агенција за бегалците тврди дека не добила слични жалби.

Бегалците од Авганистан, Сирија и Ирак објавија за изнудување, грабежи, насилство, закани за депортација и пуштање на полициските кучиња, се вели во истражувањето на Белградскиот центар за човекови права, финансиран од „Оксфам“.

Портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи одбил да ги коментира информациите, велејќи дека може да даде изјава за случувањата во наредните денови.

Во извештајот се наведува дека голем дел од актите на полициско насилство се случиле во јужните региони на Бугарија, кои граничат со Турција, во центрите за притвор во внатрешноста на земјата, како и во северозападната граница со Србија.

„Двајца Авганистанци тврдат дека бугарски полицајци пукале во нив и ги повредиле“, се вели во извештајот на утврдена група во Србија.

Слично

Поврзани вести