Активиран е Градскиот штаб за заштита и спасување
По првиот земјотрес којшто денеска го погоди Скопје во 6.58 часот наутро, веднаш се активираше Градскиот штаб за заштита и спасување.
Веднаш се мобилизираат екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции.
Градскиот штаб за заштита и спасување во континуитет ја следи состојбата на терен и доколку има потреба соодветно ќе интервенира.
Се советува граѓаните при земјотрес да не излегуваат на тераса, ако се надвор да се заштитат од стакла или ѕидови, да внимаваат на толпата луѓе која панично бега, да бидат подготвени дека може да снема струја и други препораки.
Слично
