Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКТИВИРАН Е AMBER ALERT: Исчезна 11 годишно девојче во Грција

АКТИВИРАН Е AMBER ALERT: Исчезна 11 годишно девојче во Грција

Исчезна 11 годишно девојче во Грција поради што е активиран Amber alert.

Организацијата „The Smile of the Child“ активира килибарна тревога поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на државата. Василики Николопулу (11) исчезнала вчера вечерта во 21 часот и 10 минути.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и е со нормална тежина. На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки. Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.

За исчезнувањето на девојчето денеска е информирана организацијата „The Smile of the Child“ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи постојат причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, јавуваат грчките медиуми.

Лани во декември исчезнаа две девојчиња во Грција, но потоа беа најдени. 

Слично

Поврзани вести