Кили осуден на година затвор, марихуаната ја одгледувал за лек
Во експресно брзата постапла, актерот Кирил Поп Христов е осуден на една година затвор за одгледување и производство на марихуана. Во домашен притвор останува до правосилноста на одлуката.
Инаку судското рочиште кое започна денеска заврши истиот ден. Видно ослабнат Кили, призна дека пушел марихуана повеќе од 30 години, но престанал кога дознал за ракот што му ги зафатил белите дробови. Овојпат пред судот тој призна дека навистина садел марихуаната, но само за медицински потреби. Вели маслото од канабисот и чајот му помогнале во борбата со болеста и туморот.
„Свесен сум дека правев кривично дело но, кога одите на работ на ножот, меѓу животот и смртта, тогаш не ве интересираат ни законите, ни дали правите кривично дело“, забележа актерот.
Според адвокатот на актеро, Владимир Данилов растението канабис индика се почесто се користи за лекување на канцерогени лезии и лекување на Алцхајмерова болест и е легализирано во повеќе земји.
Актерот беше уапсен пред неколку месеци откако во неговата викендичка во Визбегово беа пронајдени повеќе саксии со марихуана.
За истото дело обвинет е и братот на Кили, Владимир Поп Христов. Тој сеуште не е достапен на полицијата, а последно што зе знае е дека останал во Грција, каде што беше на одмор кога кили беше приведен.
Слично
