Економија, финансии, бизнис

Контакт

Актерка не може да отпатува во Германија затоа што е Ромка?

Актерка не може да отпатува во Германија затоа што е Ромка?
Младата актерка Емра Куртишова, вработена во Театарот за деца и младинци, била вратена од аеродромот „Александар Велики“ и не и било дозволено да отпатува кај нејзината сестра во Констанц, Германија со образложение дека постои опасност таму да побара азил. Куртишова, инаку од ромска националност, понудила гарантно писмо, 500 евра и потврда за редовен работен однос, но сепак не и било дозволено да ја напушти Македонија. Таа смета дека ваквата постапка на граничната полиција е тенденциозна и дискриминаторска. „Вработениот на пасошка контрола процени дека не е валидно гарантното писмо, па му ја дадов потврдата од работа, се подзамисли, па ме праша каде се наоѓа Театар за деца и младинци, му објаснив… Потоа ме праша дали имам пари, му ја кажав сумата и ми рече дека тоа не е доволно, во истиот момент стана и ме однесе во просторија за да ја поништи картата и направи копија од пасошот, ме симна долу и ми рече да си го пречекам багажот. Бев единствената што ја вратија! Па луѓе, зошто јас имам пасош, кога не смеам да излезам од државава?!“, пишува на Фејсбук младата актерка. Куртишова требаше да престојува во Германија од 19 јули годинава до 27 август, за да и помага на нејзината сестра која има патолошка бременост и треба постојано да одмора. Од полицијата, пак, тврдат дека нема дискриминација - Куртишова била вратена за тоа што немала формално гарантно писмо, а парите што ги поседувала не биле доволни како гаранција дека ќе може да се издржува за целиот престој во Германија. Но, ова не е првпат граѓани од ромска националност да се жалат на дискриминација при обидот да ја напуштат земјата. Ромски невладини организации покренаа и претставка до Уставниот суд за законските одредби кои дозволуваат да им се одземаат пасошите на лицата за кои постои сомнение дека се обидуваат да ја напуштат Македонија со цел да бараат азил во некоја од западноевропските земји. Ваквите радикални мерки значително не го намалија бројот на баратели на азил од Македонија во Германија. Од почетокот на годинава тој број повторно е во пораст, а германските власти се во процедура да донесат закон со кој Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ќе ги прогласат за „безбедни земји“ што значи дека сите барања за азил од овие земји автоматски ќе се одбиваат. Драстичен раст на барателите на азил во Германија – меѓу нив уште има Македонци

Драстичен раст на барателите на азил во Германија – меѓу нив уште има Македонци

Слично

Поврзани вести