Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако ве тестираат во Грција и сте позитивни ќе одите во карантин

Ако ве тестираат во Грција и сте позитивни ќе одите во карантин

За туристите што ќе добијат позитивен тест во Грција е предвиден карантин од 10 дена. 

Десетдневна изолација е предвидена за туристите во Грција, доколку бидат тестирани и добијат позитивен резултат, согласно новите, ажурирани упатства на Националната организација за јавно здравје на Грција во однос на карантинот на позитивни случаи и нивните блиски контакти, јави дописничката на МИА од Атина. Ако посетителот е позитивен и не е потребна хоспитализација, тогаш се сместува во некој од хотелите карантин.

За завршување на изолацијата, без разлика дали лицето е вакцинирано или не или дали има прележано ковид-19, во случај да е асимптоматско, потребно е да поминат десет дена од тестирањето, или десет дена и три дена без температура, во случај да има симптоми, како и негативен резултат од брз тест и за двата случаи.

Овие правила и упатства не се однесуваат на зараза со некоја од мутациите на ковид-19, каде што се следат специјални протоколи. За туристите во Грција кои се блиски контакти на заразеното лице, во карантин влегуваат доколку се невакцинирани или немаат прележано ковид-19. Во Грција над 13.000 луѓе починаа од коронавирусот. 

Во Грција беснеат пожари и се препорачува оваа дестинација да се избегнува. 

Слично

Поврзани вести