Ако утре парламентот не изгласа поинаку, изборите сепак на 24 април!
Меѓународната заедница едногласно препорача да не се оди на избори на 24 април, во услови кога не се исполнети стандардите за организирање фер и демократски избори.
Иако беа експлицитни во својата објава, и Бејли и Орав, а неочекувано и Хан, првичната реакција на ВМРО ДПМНЕ односно Илија Димовски, а потоа и соопштението што беше пратено не остава простор да се верува дека меѓународната ќе биде послушана. Ако до утре не се преиначи одлуката за распуштање на парламентот, тоа ќе значи дека избори сепак во април ќе има.
Имено утре е последен рок за пратениците да ја сменат одлуката за распуштање, во спротивно таа стапува на сила следниот ден. Простор за многу договарање и маневар нема, а острината на речникот на претставнциите н а ВМРО ДПМНЕ навестува избори во април. Прво, таква беша објавата на Илија Димовски, а второ го прогласија Ван Хауте за личност со која веќе нема да одат на состаноци.
Доколку ВМРО ДПМНЕ не гласа за нов закон со кој не важат изборите на 24 април, тешко е да се верува дека останатите пратеници сами ќе ја донесат таа одлука. Сите заедно со СДСМ, ДУИ, ДПА и неколкумина помали имаат едвај тесно мнозинство, а дури тоа и да се случи не е исклучено ВМРО ДПМНЕ во таа ситуација да организира големи митинзи и потенцијална ескалација на состојбите, бидејќи, според нив би била фалсификувана народната волја.
Претстојат интересни два дена во кои многу нешта ќе бидат појасни. Она што е досега јасно е дека владејачката партија дефинитивно веќе ја нема поддршката од надвор, но како и дали тоа ќе се ефектуира во изборниот процес останува да се види.
Слично
