Ако утре има референдум 66,9 отсто Македонци ќе гласаат „ЗА“ влез во ЕУ
Институтот за политички истражувања во текот спроведе телефонска анкета во првата недела на Март 2016 во која беа опфатени 1101 полнолетен испитаник од сите статистички региони соодветно.
Граѓаните беа анкетирани на тема Јавното мислење за спорот со името, перцепција на македонско-грчките односи и ЕУ и НАТО интеграции.
Исходот од анкетата вели дека Македонците не си го даваат името за влез во ЕУ и во НАТО. Запрашани „Дали би прифатиле промена на уставното име за меѓународна употреба со цел Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО?“, дури 64,8 отсто одговориле со „не“.
За тоа „Како би ги оцениле односите (со Грција) генерално, ако го тргнеме настрана спорот со името?“, на што 48,3 отсто од анкетираните одговориле со „добри“, а 43,6 отсто со „лоши“. За тоа дека Владата (на Македонија) треба да покрене некоја инцијатива за подобрување на односите со Грција, се изјасниле 58,8 отсто од испитаниците.
Многу е важно веднаш да се реши спорот со името сметаат 53,5 отсто, додека во однос на прашањето за иднината на односите со соседна Грција 39,2 отсто одговориле дека ќе се подобрат, 35,5 отсто мислат дека ќе останат исти, 15,1 отсот сметаат дека ќе се влошат.
Најголем дел од испитаниците најпозитивно мислење имаат за Турција и за Германија, а најнегативно за Грција и за Косово.
