Ако Уставен го укине СЈО, СДСМ ќе продолжи со „бомбите“
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе продолжи со објавување на „бомбите“, ако Уставниот суд го укине Специјалното јавно обвинителство.
Претходно дел од медиумите пишуваа дека на дневниот ред на Уставен ќе се најде иницијативата на Тодор Петров, за оценување на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство.
„Доколку дојде до ова, ќе ги побараме сите материјали што ги предадовме и така ќе продолжиме со „Вистината за Македонија“- рече Заев.
На оваа тема, лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека не е запознаен со иницијативата.
Слично
