АКО УДРИТЕ ДЕТЕ, МОЖE ДА ВИ ГО ОДЗЕМАТ – Родителите во соседството во паника, заради новите законски измени
Родителите во една земја во соседството се во паника, откако беа најавени измени на Семејниот закон, со кои експлицитно се забранува физичкото казнување на децата, вклучувајќи ги родителите, старателите и сите други кои се грижат за детето. Со овие измени, сметаат дека за една шлаканица, може да го загубите родителското право.
Како што информираат српските медиуми, тамошните власти кројат нов семеен закон, кој ќе има нула толеранција кон физичкото казнување на децата.
Родителите кои ќе ја прекршат оваа забрана ќе бидат упатени на едукации и советувања, додека построги мерки се предвидени само за потешки случаи на злоупотреба.
Со предложените измени и дополнувања на Семејниот закон се воведува јасна забрана за физичко казнување на децата.

Освен тоа, при чување, воспитување и подигање на детето, родителите не смеат да го изложуваат на понижувачки постапки, телесно казнување и други казни што го навредуваат човечкото достоинство и интегритет на детето.
Овие законски измени не се однесуваат само на родителите, туку и на згрижувачите, старателите и сите други лица кои се грижат за детето или доаѓаат во контакт со него во семејството или во друга средина.

Според законските измени, за оние што ќе го прекршат законот се предвидува спроведување корективен надзор врз вршењето на родителското право, каде родителите ќе се коригираат во своето однесување кон детето кое физички го казнуваат.
Органот за старателство ќе има овластување да им наложи на родителите да се вклучат во специјални обуки за остварување на правата на детето и одговорно родителство...
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ НА ОВОЈ ЛИНК