Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО СТЕ НАСТАВНИК И СТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА ИЛИ ФРАНЦИЈА ЕВЕ ШАНСА: МОН вработува и нуди примамлива плата!

АКО СТЕ НАСТАВНИК И СТЕ ВО ГЕРМАНИЈА, СЛОВЕНИЈА ИЛИ ФРАНЦИЈА ЕВЕ ШАНСА: МОН вработува и нуди примамлива плата!

Министерството за образование објави примамлива понуда за работа .

Имено, објавен е конкурс за избор на наставници за реализирање на дополнителна настава за основно образование на мајчин јазик за децата на граѓаните на Република Македонија кои престојуваат во странство .

Огласот се однесува на оние кои живеат во Германија, Словенија или Франција.

Имено, во Германија се бара 1 наставник кој во Штудгарт, Синделфинген, Улм, Фаинген Енц и околината ќе предава македонски наставен јазик. 

1 наставник се бара и за во Хамбург, Хановер и околината кој исто така ќе предава македонски наставен јазик а 1 наставник е потребен за во Хамбург, Карлотенсбургер, Стангелстрасе и околината за да предава албански наставен јазик.

За Словенија во огласот на МОН се бара 1 наставник во Љубљана, Крањ, Козина Хрпље, Копер, Нова Горица и околината за да предава македонски наставен јазик додека за Франција (македонски наставен јазик) Еден (1) наставникво Пантан, Верно, Кантло и околината (македонски наставен јазик).

Што се однесува до услвите заинтересираните кандидати потребно е да имаат завршено високо образование за одделенски наставник, педагог, наставник по македонски јазик или наставник по албански јазик; Да имаат работен стаж од најмалку пет години во основно училиште; Да го познава јазикот на државата за која конкурира; Да е државјанин на Република Македонија; Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
Времетраењето на ангажирањето на наставникот трае четири учебни години.
Проверка на познавање на јазикот на државата за која конкурира пријавениот кандидат го врши Министерството за образование и наука.
Избраниот наставник, во рокод 15 дена од денот на склучувањето на договорот за работа, има обврска да оствари личен контакт со одговорното лице во Агенцијата за иселеништво и да остави свои контакт податоци.
Потребни документи: 
Молба; Диплома за завршено високо образование или Уверение за завршено високо образование од каде ќе може да се утврди просекот; Кратка биографија; Потврда за работен стаж во основно училиште; Уверение за познавање на јазикот на земјата за која конкурираат; Потврда дека не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност.
Министерството за образование и наука, по службен пат, согласно потпишаните договори за соработка, ќе обезбеди уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Дневно работно време на наставникот: 8 часа во зависност од организацијата на воспитнообразовната работа на наставникот,
Неделно работно време на наставникот: најмалку 5 (пет) дена во неделата.
Основен надоместок за работа во странство на наставникот изнесува:
Република Германија 1.740 ЕУР,
Република Словенија 1.640 ЕУР,
Република Франција 1.900 ЕУР.

Слично

Поврзани вести