Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сте меѓу овие три осамени хороскопски знака – Еве што ќе ви се случи во љубовта!

Ако сте меѓу овие три осамени хороскопски знака – Еве што ќе ви се случи во љубовта!

Што ни ја определува среќата во љубовта? Дали е судбината, карактерот, или можеби Хороскопскиот знак под кој сме родени. Според астролозите зодијачкиот знак влијае на секој аспект од нашиот живот, вклучувајќи ја и љубовта и бракот.

И ако има такви, кои се вистински среќници и Купидон често ги посетува, тогаш има и претставници на Хороскопски знаци кои често се осамени во љубовта.

Близнаци

Еден од најинтересните Хороскопски знаци е прв на листата осаменици во љубовта. Претставниците на овој знак се фасцинантни. Тие секогаш знаат како да го привлечат вниманието на спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, а се заљубат ли, може да е за цел живот. Сакаат да даваат комплименти, но и да добиваат.

Како шарени личности тие би се импресионирале од партнер кој знае да ги инспирира на некој начин или да буди во нив восхит. Во љубовта секогаш се водени од своите емоции и чувства и често се насочуваат кон партнери кои имаат врска или веќе стапиле во брак. Тоа сосема не го одбива заљубениот Близнак од идејата да продолжи со обидите да добие ја љубовта, која не постои.

Тој или таа се подготвени да страдаат, но не и да се откажат од идејата дека околностите може да се променат во нивна полза. Емоциите, кои ги тераат да летаат во облаци и се да глаедаат низ розови очила, ги става во заблуда да се заљубат силно во личност која поради некоја причина не е достапна за нив. Прифаќаат дека времето, трпението и емоциите кои ќе жртвуваат ќе им донесат среќа.

За жал, кога тоа нема да се случи, тие се во можност да се измачуваат подолго време во кое не би можеле да го оддадат срцето на друг. Затоа родените во знакот на Близнаци често се осамени во љубовта.

Лав

Тие се енергични, сакаат да бидат во центарот на вниманието, слободољубиви се и не ја прифаќаат рутината, особено во сексот и љубовта. Родените во знакот на Лав лесно го привлекуваат вниманието на спротивниот пол. Нивната желба за постојано забава и флерт, открива многу можности пред нив за сексуални врски.

Сакајќи да ги задоволи своите потреби ретко размислуваат за спротивната страна и за тоа дали не повредуваат некого. Тешко се заљубуваат вистински, но кога тоа ќе се случи, се подготвени да жртвуваат сè во името на нивната сакана.

Лавот е љубоморен, понекогаш премногу и е во состојба да дејствува деструктивно, ако се посомнева во чесноста на партнерот. Бидејќи не поднесува да биде сам  подготвен еда биде во однос со некој кој не е во неговото срце. Сепак, тој е осамен, дури и кога има некој до него.

Водолија

Тие пленат со својот шарм и интелигенција. Но дали тоа им помага да бидат среќни во љубовта? За родените во знакот на Хороскопски знак Водолија е карактеристично дека речиси секогаш избираат несоодветни половини за нив . Секогаш тргнуваат со став дека тој или таа ќе одговараат на нивните барања за партнер, затоа што за нив е важно нивниот партнер да биде на високо интелектуално ниво.

Големите очекувања ги ставаат во графата на разочарани и осамени. Затоа понекогаш изгледа како да скитаат во љубовта. Не живеат по правила и не постапуваат по такви, кога станува збор за создавање на среќна врска. На моменти ги кријат длабоко чувствата и емоциите, но кога се привлечени од некого, се исклучително упорни, дури и да бараат само секс.

За Водолија е важно да има постојана возбуда во врската, инаку е склона кон изневери, кои често завршуваат со распад на односите и чувство на осаменост.

Слично

Поврзани вести