Ако се уште не сте го исплатиле регресот за годишен одмор!
Почнувајќи од овој месец Фактор и Нова консалтинг и едукација редовно, на неделна основа Ви ги нудат на увид сите законски измени што го тангираат работењето на компаниите. Со оглед на честите промени на законите ќе се обидеме најпрактично да им претставиме на компаниите и нивните одговорни лица какви тековни промени се потребни во работењето, од аспект на сметководство, даноци, консалтинг, ревизија. Оваа недела зборуваме за регресот за годишен одмор.
РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Минимален задолжителен износ на регресот е 40% од основицата: просечна месечна нето плата по работник во РМ исплатена во последните три месеци соглано податок објавен од Државниот завод за статистика,
- се исплатува под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач,
- се исплатува еднаш во текот на годината,
- износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на Одлуката за исплата и
- со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со ОКДПС.
Слично
