Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако се реши спорот за името ќе зоврие грчкиот национализам

Ако се реши спорот за името ќе зоврие грчкиот национализам

Можноста за достоинствено и компромисно решение на спорот за името може да доведе до зовривање на национализам во Грција, па дури и формирање на нова ултра десничарска партија која би била пандан на Златна зора, но наместо фокусот да и биде против мигрантите, таа во политичкиот дискурс кај јужниот сосед би се фокусирала на Македонија и македонското прашање. 

Ова се прогнозите на Алексис Папачелас, истражувачки новинар од Грција и главен уредник на угледниот грчки медиум Катимерини, во неговиот новогодишен коментар за македонско-грчкиот спор. 

Според информациите на Папачелас во северна Грција како што тој ја нарекува, можно е да се формира нова десничарска партија која би била повеќе радикална од Неа Демократија и со потврди позиции од досегашните. Тоа би било големо назадување и за грчката политика бидејќи нам многу добро ни се познати тврдите ставови на Бакојани, а сега и на Каменос. 

Папчелас вели дека на Европа и е потребна победа за да покаже дека е способна за лидерство, па затоа сега со про-европската влада во Скопје која за прв пат е избрана е создадено идеално време за компромисно решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и ќе биде реалистично, а не максималистичко како што посакуваат грчките ултра националисти. 

Уредникот на Катимерини исто така вели дека грчките политичари се самите виновни за ваквата ситуација во Грција бидејќи предолго и преуфорично го создадоа проблемот со нивниот сосед кој како што оценува можел да биде нивни сојузник сателит, а не конфронтирачка земја. 

Затоа грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас се обидува да ги реши отворените спорови со Македонија и Албанија со цел Грција целосно да се посвети на главниот меѓународен фронт, а тоа е тој со Турција.

Слично

Поврзани вести