Ако се откаже од руските енергенси Германија оди во рецесија?
Забраната за увоз на руски енергенси може да ја турне Германија во рецесија.
Со вакво предупредување излезе Централната банка, додавајќи дека ќе биде особено тешко да се најде замена за рускиот гас. Последиците од прекинот на увозот би извршиле притисок врз германската економија во следните две години. Во 2020 година економијата падна за 4,6 отсто, а во 2021 година порасна за 2,9 отсто.
„Во сценарио кое предвидува засилување на кризата, реалниот бруто-домашен производ би паднал за нешто помалку од два отсто во споредба со 2021 година“, објави Бундесбанк во својот редовен месечен извештај.
Европа е зависна од рускиот гас, а актуелниот француски претседател Емануел Макрон вели дека без него нема да можат да ја преживеат идната зима.Oткако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, оваа земја бара целосно запирање на увозот на руски енергенси, со цел Русија да нема со што да ја финансира војната.
