Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако сакате да заминете надвор, германските угостители бараат готвачи и келнери

Ако сакате да заминете надвор, германските угостители бараат готвачи и келнери

Угостителите во Германија немаат доволен број работници.

Се бараат готвачи, сезонски работници од странство и студенти. Квалификуван готвач во Баден-Виртемберг, една од побогатите сојузни покраини, просечно месечно заработува околу 2.200 евра бруто.

Здружението на германски угостители се пожали на недостиг од персонал по укинувањето на мерките за заштита од коронавирусот. Во угостителството сега работат за 14 отсто помалку луѓе отколку пред пандемијата. Податоците на сојузната канцеларија за вработување, покажуваат дека во хотелиерството и гастрономијата моментално работат 154.000 луѓе, и тоа е за 14 отсто помалку отколку во 2019 година.
Многу од сезонските работници од странство, кои работеле во германските ресторани и хотели, заминале во Австрија и Швајцарија, каде хотелите и рестораните беа отворени. 

Слично

Поврзани вести